Магазин
Македонскиот актер Ерман Шабан: „Балканска приказна е приказна за сите нас, тука во Скопје е заеднички животот“
Позитивни оценки од публиката за својата глума добива Ерман Шабан, млад искусен актер од Скопје, кој е дел од актерскиот тим во новата турска ТВ серија „Балканска приказна“. Ерман Шабан, кој е брат на Ертан Шабан, еден од попознатите актери во Турција со потекло од Скопје, Македонија, за серијата „Балканска приказна“ истакнува дека ова е приказна на сите, давајќи максимум уште од самите почетоци, пред воопшто да започне да се снима серијата овде во Скопје.
Спомнувајќи го позитивното влијание на ТВ серијата „Балканска приказна“ врз луѓето од регионот, Ерман Шабан вели: „Се разбира, генерално добиваме позитивни, пријатни реакции од моите сограѓани. Повеќето од нашите браќа Албанци гледаат турски канали преку сателитските предаватели, и од нив генерално добиваме добри реакции… И нашите браќа Македонци гледаат серии со преводи на социјалните мрежи, на интернет. Како што знаеме често да ја употребиме репликата од нашата ТВ серија „Ова е Скопје, овде има заеднички живот“…







