Магазин
Македонското културно наследство низ модни ревии на дванаесеттиот Моден викенд Скопје
Дванаесеттиот Моден викенд Скопје под мотото„Модата и културното наследство“, на 21 октомври во Музејот на Македонија ќе го отвори модна изложба составена од финалните дела произлезени од неколкумесечниот проект „Модата и културното наследство“, додека ревијалниот дел стартува ден подоцна и ќе трае се до 25 октомври.
Модната изложба „Свадбени приказни“ со која ќе започне сезоната есен/зима 2015/2016е во реализација на Британскиот совет во Македонија како организатор, и Европски универзитет –Р. Македонија со Музеј на Македонија како партнери. Студентите од моден и графички дизајн, во соработка со студентите од дизајн на ентериери кустосите од Музејот, на изложбата ќе претстават приказни преку кои ќе дадат свои, современи интерпретации на облеката, текстилот и накитот од локалните свадбени традиции.
Во текот на целиот Моден викенд во Музејот,под покровителство на “Lotus Lounge Chair”,по првпат ќе се случува “Lotus Cozy Cinema”. Освен краткиот филм„Четврток“ на Милчо Манчевски, ќе бидат прикажании други македонски кратки филмови поддржани од Aгенцијата за филм на РМ и проекции на модни филмови од програмата „Dressing the Screen“обезбедена од Британски совет во Македонија.





