Aндреа Мирческа е добитник на „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2019 година
Qatar Airways во соработка со Скопскиот џез фестивал веќе трета година по ред ја доделува наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во Македонија. Лани со неа се закити младиот пијанист/клавијатурист Филип Димишковски, а во 2017 година – тапанарот Виктор Филиповски. Оваа година, наградата „Златен Орикс“ оди во рацете на басистката Андреа Мирческа.
По тој повод, на 15. октомври (вторник) во 20:00 часот во МКЦ Клуб и Ресторан се организира коктел забава зачинета со музички настап.
![](https://static-xx.files.pplarno-cdn.popularno.mk/wp-content/uploads/2017/01/logo-2017-2.png)