Занимливости
НА АЕРОДРОМОТ ВО ЈАПОНИЈА: Тоалетна хартија за паметни телефони
Ако некогаш се најдете на меѓународниот аеродром „Нарита“ во Токио, ќе имате можност во тоалетот да се послужите не само со обична, туку и со тоалетна хартија за паметни телефони.
Тоалетите на овој аеродром се опремени со хартија која служи за дезинфекција на смартфони, а ги постави јапонскиот мобилен гигант „НТТ Докомо“.
На хартијата можат да се најдат информации за јавни ви-фи мрежи на фирмата, како и детали за нивната апликација за паметни телефони.




