Магазин
Најавено новото издание на Моден викенд Скопје
Од 1 до 4 ноември Моден викенд Скопје ќе ги донесе најновите колекции на домашни и дизајнери од регионот со темата „Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна“ на две локации во Скопје.
Четиридневното модно случување ќе го отвори дизајнерката Лидија Георгиева во „F.A.M.E.’S“ и по повод 20 години од создавањето на брендот ќе ја претстави роденденската колекција „Милион милји време“.
„Скопје Мериот хотел“ како официјална локација на осумнаесеттиот Моден викенд Скопје ќе биде местото на кое ќе се одржуваат три дена ревии. На 2 ноември вечерта ќе почне со модната инсталација и перформанс од финалниот дел на проектот #sustainabestorymk со капсулните колекции на учесниците и гостинките од Велика Британија, односно талентираната дизајнерка Ана Скодбо и една од водечките британски стилистки Ребека Рој.




