Занимливости
Научниците откриваат: И дрвјата спијат
Идејата дека дабот или смреката навечер дремат или одат на спиење делува необично, но научниците успеале да детектираат физички промени на дрвјата, кои на некој начин, одговараат на процесот на спиење кај луѓето и животните или на нашиот дневен и ноќен биоритам, пишува „Дискавери Њуз“.
Научници од Австрија, Финска и Унгарија користеле ласерски скенери за анализирање на две стебла и проучувале милион различни точки преку нивните површини. Тие дојдоа до заклучок дека дрвјата всушност се движат во текот на ноќта, а овој феномен научниците уште од времето на Чарлс Дикенс го забележале кај помалите растенија.
– Нашите резултати покажуваат дека цело дрво се спушта во текот на ноќта, што може да се заклучи според промена на положбата на листовите и гранките, изјави научникот од Институтот за геопросторно истражување во Финска, Ету Путонен.




