БЕЗ ИЗГОВОРИ: Започнете го денот со вежбање
Постојано се среќаваме со тврдењето дека утринското вежбање е многу ефикасно. Но, вежбањето наутро може да биде и контрапродуктивно доколку не сте доволно наспани.
Многу истражувања покажуваат дека недостатокот на сон може да предизвика многу последици по здравјето, од зголемување на килограмите до појава на дијабетес и секако недостаток на енергија и чувство на замор.
Затоа, пред сѐ, одлучете во кое време би требало да станете за да имате доволно време за утринско вежбање, а потоа пресметајте во кое време треба да си легнете. Најголемиот број експерти препорачуваат 7-8 часа сон секоја вечер. Доколку обично заспивате околу полноќ, не очекувајте дека веднаш ќе заспиете ако заминете во кревет во 21:00 часот. Започнете најпрво да заминувате во кревет барем 15 минути порано од вообичаеното, сѐ додека не дојдете до вашето идеално време за спиење. И запаметете, часовите кои ги поминувате во кревет, не се исто што и часовите поминати во сон, затоа погрижете се да заминете на спиење порано бидејќи ќе ви треба одредено време да се опуштите, па потоа да заспиете.




