Низ објективот
Балканските ѕвезди ја избраа егзотиката: Малдиви наместо зима!
Балканската естрада ја замени зимата со тропско сонце! Додека кај нас температурите се ниски, дел од најпознатите јавни личности ги спакуваа куферите и заминаа на една од најлуксузните светски дестинации – Малдивите. Егзотичните плажи, тиркизното море и ресортите од соништата станаа омилен избор за одмор по напорната новогодишна сезона.
Според туристичките агенции, за патување и престој на оваа атрактивна локација потребни се неколку илјади евра, зависно од луксузот и должината на одморот. Но, очигледно дека за ѕвездите тоа не претставува пречка кога станува збор за заслужен релакс.




