Низ објективот
Малечка дама на голем настан: Принцезата Шарлот на финалето на ЕП во женски фудбал (ФОТО)
Финалето на Европското првенство во женски фудбал кое се одржа во Швајцарија доби уште една доза шарм и внимание – благодарение на неочекуваната појава на малата принцеза Шарлот.
Заедно со нејзиниот татко, принцот Вилијам, десетгодишната Шарлот присуствуваше на возбудливиот натпревар помеѓу Англија и Шпанија, каде со голема енергија и радост ја бодреше англиската женска репрезентација, која на крајот го подигна победничкиот пехар.
Малата принцеза блескаше во симпатичен фустан со точки и со својата појава освои срца – не само на публиката, туку и на медиумите ширум светот. Во ВИП ложата седеше во друштво со членовите на шпанското кралско семејство – принцезата Леонор и нејзината сестра Софија, со кои разменуваше пријатни зборови по завршувањето на мечот.




