Занимливости
Доколку сте лоши по математика обвинете ја својата мајка
Ако сте меѓу тие кои од секогаш се мачеле со бројките, сега за тоа можете да ја обвините својата мајка.
Хормонот тироксин Т4 е најважен производ на штитната жлезда, а недостигот на тој хормон кај бремените може да биде причина детето да биде послабо по математика, покажа истражувањето спроведено во холандскиот Медицински центар.
Резултатите откриле дека децата на жени со ниско ниво на хормонот на штитната жлезда, во просек се за 60 отсто послаби во математиката, од деца чии мајки имале уредни нивоа на хормонот на штитната жлезда, се наведува во заклучоците на студијата објавена во списанието European Journal of Endocrinology.




