Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Оскарот на Леонардо ди Каприо го урна рекордот на „оскаровски“ објави на Твитер

Занимливости

Оскарот на Леонардо ди Каприо го урна рекордот на „оскаровски“ објави на Твитер

Актерот Леонардо до Каприо не само што ја доби наградата за најдобра машка улога на церемонијата на доделување на Оскарите, што се одржа рано изутринава по средоевропско време во Лос Анџелес, туку го „окупира“ и Твитер.

Имено, по доделувањето на Оскарот на Ди Каприо на Твитер беа регистрирани 440.000 објави во една минута, со што беше соборен досегашниот рекорд на постови поврзани со Оскарите на оваа социјална мрежа .

Досегашниот рекорд поврзан со Оскарите го држеше Елен Де Џенезис со 225.000 објави за нејзината селфи фотографија од церемонијата на доделување на наградите на Американската филмска академија во 2014 година.

Два други настани од последното доделување на Оскарите што привлекоа поголемо внимание на корисниците на Твитер беа и прогласувањето на „Spotlight“ за најдобар филм и доделувањето на шестиот Оскар на „Побеснетиот Макс“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.