Шоубиз
Романтичен викенд во Париз: Што се случува меѓу Ди Каприо и 26-годишната манекенка?
Леонардо Ди Каприо (50) повторно е во центарот на вниманието откако беше забележан во Париз во друштво на италијанската манекенка Виторија Серети (26).
Според светските медиуми, актерот го поминал викендот во француската престолнина во нејзино друштво, а папарацо-фотографиите ги разгореа шпекулациите за нивната врска.
Тајна вечер во Париз
Ди Каприо и Серети биле снимени како одделно ја напуштаат ексклузивната забава, на која, според сведоците, присуствувала и Кејт Мос. Актерот се обидел да остане незабележан носејќи бејзбол капа и заштитна маска, но фотографите не пропуштија да го уловат моментот.




