Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Екипата на „Медена земја“ на оскаровски ручек (ГАЛЕРИЈА)

Шоубиз

Екипата на „Медена земја“ на оскаровски ручек (ГАЛЕРИЈА)

Екипата на „Медена земја“ на оскаровски ручек (ГАЛЕРИЈА)

Режисерите на „Медена земја“ Тамара Котевска и Љубомир Стефанов,  кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот и монтажер на филмот Атанас Георгиев во пресрет на 92-то доделување на наградите Оскар, во Лос Анџелес присуствуваа на  традиционалниот Оскаровски ручек кој за сите номинирани го организира Американската филмска академија.

На овој значаен настан беа и најпознатите личности од светот на филмот – Роберт де Ниро, Ал Пачино, Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Квентин Тарантино.

Режисерката на „Медена земја“, Тамара Котевска за фотографијата каде се гледа како стои до филмската ѕвезда Леонардо ди Каприо изјави дека тој стои до неа, а не обратно.

„Да појасниме… Не стоев јас до него. Тој стои до мене. (јас имам 2 номинации оваа година)“, напиша режисерката на Фејсбук.

На фејсбук-страницата нашиот тим  објави и фотографии со некои од гостите на Оскаровскиот ручек.

Филмот  „Медена земја“ е номиниран за Оскар во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Номинациите на 13 јануари ги соопшти Американската филмска академија по гласањето на нејзините членови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.