Магазин
Островот на Самитот Трамп-Ким крие мрачна историја
Островот Сентоса во Сингапур, на кој во вторник треба да се сретнат американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, денес важи за место на луксузот, но во минатето на него се пролевала крв, наведува ДПА.
Сентоса, кој се наоѓа јужно од градот Синагпур, денес е познат по бујната вегетација, луксузните хотели и пространите терени за голф. На островот може да се најдат луксузни казина, забавен парк, пристаниште за скапи јахти и вили на самите плажи, кои чинат десетици милиони долари. Свои куќи на Сентоса имаат и некои од најбогатите луѓе во светот.
Покрај луксузот, изборот на Сентоса како место за одржување на Самитот е логичен и од логистичка гледна точка. Островот се наоѓа на само 500 метри од Сингапур и до него се стига главно по една рута. Тоа овозможува приватност и го олеснува гарантирањето на безбедноста.




