Магазин
Осум причини зошто не треба да правите педикир со рипчиња
Педикир со рипчиња е забранет во многу делови од САД, Канада и Европа заради ризикот по здравјето и суровоста кон животните кои се користат во овие услуги, се наведува на пета.орг, страница која се залага за етички однос кон животните. Еве осум причини заради кои рипчињата и стапалата не одат заедно.
1. Рипчињата Гара руфа, кои најчесто се користат во педикир со рипчиња, не сакаат да ја јадат вашата мртва кожа. Тие го прават тоа бидејќи тие се толку жестоко изгладнувани што би ја јаделе и човечката кожа за да преживеат.
2. Овие рипчиња најчесто можат да се најдат во Турција, Сирија, Ирак и Иран. Турската влада беше присилена да воведе законска заштита за рипчињата Гара руфа во земјата во обид за справување со претераниот риболов и нивната експлоатација.




