Kаде летуваат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам?
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам заминаа на семеен годишен одмор, заедно со своите три деца Џорџ, Шарлот и Луј. И годинава, како лани, за летна дестинација за одмор го одбраа островот Мустик.
Познат како остров на милијардерите, Мустик е дел од малата островска држава Сент Винсент и Гренадини, сместен во југоисточниот дел на Карипското море.
Островот е мал по големина, а стана познат во 70-те години кога љубителите на раскошни забави и милионерите, почнаа да се собираат тука за да се забавуваат за време на викендите и празниците.




