Магазин
Кралицата Камила ја прослави годишнината од бракот во Рим, јадеше пица и сладолед
Италијанците и понудија пица и сладолед на британската кралица Камила, за време на нејзината државна посета на Италија, по повод 20-годишнината од нејзината венчавка со кралот Чарлс.
Камила и Чарлс пешачеа до познатата продавница за сладолед Giolitti во центарот на Рим, каде што кралицата пробуваше примероци од сладолед од хартиена чаша откако кралот одржа историски говор во зградата на италијанскиот парламент која се наоѓа во близина.
На Камила претходно и беше подарена кутија со пица откако присуствуваше на настан во училиште во Рим.




