Патувања
Одлични предлози за прошетка низ Македонија
Секогаш со љубов и многу епитети ја опишуваме нашата мала и убава земја, но голем број од нас не почуствувале и виделе ни половина од убавините со кои таа располага. Прашањето е колку вистински ја имаме доживеано нашата земја?
Кога последен пат сте се биле на Пелистер или на Кожув, воопшто? Сте јаделе ѓомлезе во Вевчани, сте јавале коњи или возеле АТV мотори во Маврово или сте се опуштиле на чист воздух на Пониква или Берово? Оваа есен сите патувачи имаат шанса да ја прошетаат и истражат Македонија и тоа по супер цени.
Станува збор за кампањата Дестинација Македонија, која се реалзира 5та година по ред и нуди огромен избор на локални патувања по неверојатно ниски цени. Кампањата во наредните два месец на корисниците ќе им ги покаже сите „скриени“ места и активности во нашата земја кои чекаат да бидат истражени и дополнително ќе им докаже дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходна авионска карта.




