Занимливости
Пеењето со пријатели или во хор ја намалува анксиозноста
Заедничкото пеење има неверојатна исцелителна сила за ментално здравје, покажа најновата студија од Унверзитетот Абант Изет Бајсал во Турција.
Една група луѓе се согласиле заеднички да пејат еден час во хор, додека друга група не правеле ништо посебно. Истражувачите го мереле нивото на анксиозност и нивото на ензимот амилазе, кој често се користи како маркер за воспаленија.
Кај оние кои се пријавиле за пеење, научниците откриле намалување на нервозата и вознемиреноста, додека луѓето во контролната група искусиле повеќе анксиозност и негативни ефекти пред и по периодот од еден час, пишува Хафингтон пост.




