Музика
Селена Гомез го најави новиот албум со вереникот Бени Бланко
Селена Гомез ги изненади своите фанови со објавата на својата нова песна „Scared of Loving You“, во пресрет на Денот на вљубените, заедно со својот вереник Бени Бланко. Оваа песна е и првиот сингл од нивниот заеднички албум „I Said I Love You First“, кој во целост ќе биде објавен на 21 март.
„Албумот ја слави нивната љубовна приказна и им дава на фановите уникатен увид во нивната врска“, се вели во официјалната изјава на претставниците на Гомез и Бланко. „Тоа настана спонтано, како резултат на креативна врска и заемно уживање во заедничката работа. Преку музиката, тие автентично ја раскажаа својата приказна – од моментите пред да се сретнат, преку заљубувањето, до погледот кон иднината.“




