Занимливости
Почетокот на настава пред 08.30 часот предизвикува депресија кај учениците
Почетокот на настава пред 08.30 часот, го зголемува ризикот од депресија и анксиозност кај учениците, се тврди во новото истражување објавено во списанието „Слип Хелт“ (Sleep Health).
Раниот почеток на наставата, создава притисок кај децата, што им пречи на нивното спиење и ги изложува на ризик од проблеми во менталното здравје.
Водачот на студијата др. Џек Пелтц од Универзитетот Рочестер Медикал Сенар изјави дека поради раното будење се создава притисок кај децата дека мораат порано да легнат и да се наспијат, поради што имаат зголемени ментални пречки.




