Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почина Андре Леон Тали, модна икона и поранешен креативен директор на магазинот „Вог“

Магазин

Почина Андре Леон Тали, модна икона и поранешен креативен директор на магазинот „Вог“

Почина Андре Леон Тали, модна икона и поранешен креативен директор на магазинот „Вог“

Во богатата кариера од речиси 60 години, тој работеше за Women’s Wear Daily, W, New York Times, но најдолго време како уредник на вести и креативен директор во американскиот Vogue.

-Збогум, драг Андре. Никој не го видел светот на погламурозен начин од тебе. Никој не беше повеличествен и имаше повеќе дух од тебе. Светот ќе биде помалку радосен. Те сакам и се смеам со тебе веќе 45 години. Ми недостасуваат твоите гласни крици. Те сакам многу – напиша на социјалните мрежи познатата дизајнерка Дајан фон Фирстенберг.

Познатиот писател и поранешен креативен директор на Вог, Андре Леон Тали бил сместен во болница каде се борел против непозната болест. За жал, тој ја загубил битката и почина на 74-годишна возраст.

Тали беше десна рака на главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур. Тој се приклучи на списанието во 1983 година како директор за модни вести во списанието. Тој го напушти „Вог“ во 1995 година и се пресели во Париз, каде што работеше во магазинот „W“. Подоцна се врати во Вог“ и беше уредник, сѐ додека не ја напушти позицијата во 2013 година.

Во мај 2020 година, тој објави мемоари за неговиот живот и кариера, под наслов „The Chiffon Trenches“, прикажувајќи го неговото неверојатно патување и искачување од тремот на куќата на неговата баба во Дурам, Северна Каролина до првите редови на модата.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.