Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дуа Липа ја потврди свршувачката со британскиот актер Калум Тарнер

Шоубиз

Дуа Липа ја потврди свршувачката со британскиот актер Калум Тарнер

По месеци нагаѓања и шпекулации, популарната британска пејачка Дуа Липа конечно потврди дека е верена со британскиот актер Калум Тарнер.

Имено, во интервју за британскиот „Вог“, Дуа за прв пат јавно проговори за оваа важна пресвртница во нејзиниот живот.

„Да, свршени сме. Многу е возбудливо. Оваа одлука да остариме заедно, да го видиме заедно животот и едноставно, не знам, да бидеме најдобри пријатели засекогаш – тоа е посебно чувство“ – изјави пејачката со албанско потекло.

Маркетинг

Веќе на крајот од 2024 година, се појавија гласини за нивната свршувачка, особено откако Дуа беше видена со дијамантски прстен на раката. Иако во моментов не е целосно фокусирана на планирањето на свадбата поради обврските од турнејата, таа призна дека сè почесто размислува за тоа како би можела да изгледа нејзината венчаница.

„Сакам прво да ја завршам турнејата, а Калум снима во моментов, па засега уживаме во моментот. Никогаш не сум сонувала за свадба, но сега често се прашувам: „Што би можела да носам на мојот голем ден?““, рече таа.

Славната музичарка во интервјуто откри дека го обожава дијамантскиот веренички прстен со кој 34-годишниот актер ја запроси на Божиќ изминатиот декември.

„Опседната сум со него. Многу личи на мене. Убаво е да знаеш дека личноста со која ќе го поминеш остатокот од твојот живот те познава многу добро“ – рекла таа.

Дуа и Калум се запознале во лондонскиот ресторан „Ривер Кафе“, а медиумите почнаа да ги поврзуваат во јануари 2024 година.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.