Магазин
Почина Хари Белафонте, легендарен пејач, актер и активист
Американскиот пејач, актер и активист за граѓански права, Хари Белафонте почина на 96-годишна возраст од срцева слабост.
Тажната вест ја потврди неговиот долгогодишен портпарол Кен Саншајн за The New York Times. Легендарниот музичар починал во својот дом на Менхетен.
Пејачот, актер, продуцент и активист беше особено познат по популаризацијата на карипските народни песни, познати како калипсо. Бил вклучен и во различни општествени движења, особено во граѓанските права. Во 1950-тите Белафонте глумеше во филмови со расистичка тематика, а во раните 1960-ти соработуваше со Мартин Лутер Кинг Џуниор во движењето за граѓански права.




