Шоубиз
Почина холивудскиот актер Вал Килмер
Вал Килмер, истакнат американски актер познат по улогите во филмовите како Batman и Top Gun, почина на 1 април 2025 година во Лос Анџелес на 65-годишна возраст. Вал Килмер остави длабока трага во светската кинематографија, а неговите уметнички достигнувања ќе бидат запаметени засекогаш.
Во изјава за Њујорк Тајмс, неговата ќерка Мерцедес рече дека американскиот актер починал од пневмонија.
Тој ја достигна славата глумејќи покрај Том Круз во хитот „Top Gun“ од 1986 година.



