Магазин
Почина модниот дизајнер Саша Видиќ
Како што пренесуваат српските медиуми, во болницата „Бежанијска коса“ во Белград денеска на 52-годишна возраст почина познатиот српски стилист и моден дизајнер Саша Видиќ.
Причината за смртта се уште не е позната.
Како што неофицијално дознава српскиот портал Курир, Видиќ доцна синоќа бил пронајден онесвестен во неговиот стан од двајца членови на семејството и бил донесен во болница во тешка состојба и веднаш приклучен на респиратор. Според изворите, станува збор за септичка состојба и поради тоа е констатирана смрт поради кардиореспираторна инсуфициенција, а дефинитивната причина се уште не е позната.




