Занимливости
Порака во шише најдена во Германија по 108 години „патување„ по море
Порака испратена од Велика Британија во шише, е пронајдена на една плажа во Германија, откако патувала 108 години.
Специјално дизајнираното и добро запечатено шише, со порака во него, било испратено од Британецот Џорџ Паркер Бидер, на почетокот од 20 век, а го откриле брачниот пар Винклер, на една плажа на островот Амрум, каде жената и мажот биле на одмор.
Маријане Винклер која е пензиониран поштарски службеник, им признала на медиумите дека шишето било најдено уште во април годинава, но таа и сопругот решиле дури сега да им го пријават пронајдокот на весниците.




