Сцена
Џејсон Деруло: „Македонијо, Ве чекам на 2 август на најдобрата забава на светот“
Светската сензација Џејсон Деруло предизвика вистинска еуфорија на социјалните мрежи откако објави видео на својот Инстаграм профил, во кое лично ги поканува своите обожаватели на неговиот претстоен концерт на 2 август во Охрид. Она што го привлече вниманието на јавноста е неговата порака, во која топло ја спомена Македонија.
Со својот препознатлив шарм и енергија, Деруло во видеото ги покани фановите со зборовите: „Македонијо, Ве чекам на 2 август на најдобрата забава на светот, со најдобрите танчери и музичари. Се гледаме“ – кажа тој.