Ви препорачуваме
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: Осум намирници кои не смеете да ги јадете пред спиење
Желудечниот рефлукс на многумина создава големи проблеми во текот на денот, а посебно мачен може да биде пред спиење. Ви пренесуваме листа на намирници кои обавезно морате да ги исфрлите од вечерното мени, бидејќи така ќе ја избегнете оваа непријатна појава.
1. Алкохол. Ги отвора вентилите кои го поврзуваат желудникот и хранопроводот. Кога ќе се случи тоа, вашето тело повеќе не може да ја задржува храната и киселините таму каде што им е местото, во желудникот.
2. Газирани пијалаци. Спаѓаат во група на намирници кои во себе содржат повеќе киселини од било што, што можеме да го најдеме во природата. Јаглен диоксидот во газираните пијалоци го зголемува притисокот во желудникот.




