Занимливости
„Пријатели“ најдобра телевизиска серија на сите времиња
Култниот телевизиски серијал „Пријатели“ се најде на првото место на листата на 100 најдобри серии на сите времиња што ја изработи „Холивуд Рипортер“, врз основа на анкетата во која биле вклучени 2.800 професионалци од телевизиите во САД.
Најмногу гласови од анкетираните доби серијата „Пријатели“, која во САД се емитуваше од 1990 до 2000 година.
На вторто место се пласира серијата „Да станеш лош“ („Breaking Bad“), која по пет сезони престана да се емитува во 2013 година, а на третото место е „Досиеја Икс“ со агентите Фокс Молдер и Дејна Скали, кои ги толкуваат Дејвид Духовни и Џулијан Андерсон.




