Магазин
ФОТО: Ова е најубавата астрономска фотографија за 2015
Убавината на целосното затемнување на Сонцето е тешко да се „фати“ со фотоапарат, но сепак тоа му успеа на овогодинешниот добитник на Наградата за астрофотографија.
Лук Џамет е добитник на награда за фотографија што го прикажува затемнувањето над Сасендален долината на Свалбард на 20 март 2015 година.
– Целосното затемнување е еден од најважните астрономски настани и Лук Џамет совршено го забележа тоа, изјави астрономот на Кралската опсерваторија Марек Кукула, на прогласувањето на добитникот.





