Магазин
РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Патуваат по најнеобичните места во светот и заработуваат пари од фотографиите
За многумина идејата за давање отказ од работа и патување по светот е само сон, но за една британска двојка таа идеја стана реалност.
Откако лани се запознале на Фиџи, Џек Морис и Лорен Булен решиле да почнат да патуваат со „полно работно време“.
Од тогаш тие станаа една од најпопуларните двојки на Инстаграм, кои заработуваат патувајќи низ светот. Тие досега минале низ 45 земји.








