Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Заработете 16.000 евра за два месеца лежејќи!

Занимливости

РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Заработете 16.000 евра за два месеца лежејќи!

Францускиот Институт за вселенска медицина и физиологија во Тулуз (МЕДЕС) е во потрага по доброволци, мажи, кои би минале 60 дена в кревет не правејќи ништо освен своите физиолошки потреби, и за таа „задача” би добиле 16.000 евра.

Условите за кандидатите се едноставни: да бидат на возраст помеѓу 24 и 45 години, непушачи, да имаат индекс на телесна маса (БМИ) помеѓу 22 и 27, и да немаат алергии.

Во научниот експеримент на МЕДЕС, којшто се занимава со ефектите на микрогравитацијата врз телото на астронаутите, има места за 24 мажи. Од нив се очекува само да јадат, пијат, да се капат и да ги обавуваат своите физиолошки потреби во креветот.

По експериментот, учесниците уште две недели ќе треба да престојуваат во Институтот, заради програмата за опоравување, каде ќе бидат подложени на серија дополнителни тестови кои би требало да посочат на евентуални негативни ефекти од бестежинската положба на човековото тело.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.