Магазин
ЦЕНА КОЈА ВЛЕГУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Дијамант продаден за рекорден 71 милион долари (ФОТО)
Дијамантот наречен „Розова ѕвезда”, којшто има 59,6 карати беше продаден на аукцијата на „Сотбис“ во Хонг Конг, за 71,2 милиони долари.
Оваа цена е рекордна за кој било скапоцен камен. Дијамантот го купила хонгконшката компанија за скапоцени камења Чоу Таи Фук, добивајќи го наддавањето во натпревар со други два понудувачи, соопшти аукциската куќа.
Дијамантот пред наддавањето беше проценет на 60 милиони долари. Тоа е најголемиот совршено блескав розов дијамант којшто кога било е ставен на проценка во Американскиот гемолошки институт, додаваат оттаму.




