Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Рафаел Надал и сопругата го очекуваат првото дете

Магазин

Рафаел Надал и сопругата го очекуваат првото дете

Познатиот тенисер Рафаел Надал и неговата сопруга Марија Франциско Перељо го чекаат своето прво дете, објави магазинот Hola! со папарацо фотографии на кои може да се забележи трудничкиот стомак на Марија.

Двојката до сега вешто ја криеше  бременоста, но првите сомнежи за бременоста се појавија на турнирот Ролан Гарос пред неколку недели кога Надал ја освои својата 14. титула на Отвореното првенство на Франција и 22. Грен Слем и со тоа стана најстариот шампион во историјата на турнирите.

И иако Рафаел влезе во историјата, сите погледи беа вперени во убавата Марија и нејзината „сомнителна“ промена на стилот. Таа во последно време се почесто носи облека со широк крој, како што почетокот на овој месец, кога таа се појави на финалето од Лигата на Шампионите помеѓу Ливерпул и Мадрид и носеше комотна облека и маска за лице, а во вакво издание се појави и на трибините на Ролан Гарос за да го сокрие стомакот.

Да потсетиме, многу малку се знае за приватниот живот на овој светски познат Шпанец. Мистериозната сопруга на Рафаел Надал ретко се појавува на неговите тениски натпревари бидејќи не сака премногу медиумско внимание. Тие се венчаа во 2019 година, по 14 години љубовна врска. Рафаел имал само 18 години кога ја запознал сопругата.

Парот за семејствата, пријателите и познаниците подготвиле венчавка од бајките која ја организираа во Мајорка. Сега по 17 години љубов тие го очекуваат своето прво дете.

 

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.