Шоубиз
Рафаел Надал по втор пат ќе стане татко
Еден од најголемите тенисери Рафаел Надал наскоро по втор пат ќе стане татко!
Рафаел Надал и неговата сопруга Марија Франциска Перељо ќе станат родители по втор пат, објави магазинот „Семана“.
Шпанските медиуми известуваат сопругата е во петтиот месец од бременоста и се очекува да го роди своето второ бебе на крајот на летото, а полот засега е непознат за јавноста. Во октомври 2022 година се роди синот Рафаел Јуниор, и како што често истакнува Надал, преку татковството запознал нова димензија на животот.
Рафа и неговата партнерка се заедно речиси две децении, а парот се запознал во тинејџерските денови, во родниот Манакор, на шпанскиот остров Мајорка. Нивната љубовна приказна започна далеку од рефлекторите, а продолжи тивко, стабилно и со љубов. По 14 години врска, тие се венчаа во 2019 година на церемонија од бајките во замокот од 17 век, Са Форталеза, на северот на Мајорка, а на прославата на парот присуствуваа околу 250 гости.
Тие ги штитат своите животи од јавноста и се трудат да задржат што е можно поголема приватност.




