Магазин
САМО ВО ВИЕНА: Замрзнатиот Дунав ги измами надвор љубителите на лизгањето (видео)
Делови на Дунав, втората по должина река во Европа, која тече низ осум држави, замрзна втор пат во последните 30 години.
Студениот бран, кој го погоди овој континент предизвика многу проблеми за сите кои зависат од речниот сообраќај од Германија до Црното море, но жителите на Виена пронајдоа начин да уживаат во волшебната покривка од мраз.
На замрзнатиот Дунав се лизгаат и играат хокеј на мраз, а во зимските радости уживаат дури и кучињата.



