Магазин
Саваш од серијата „Животот е убав“ покажа како се грижи за својот физички изглед
Харизматичниот турски актер, Екин Мерт Дајмаз, на македонската јавност и е многу добро познат по неговите исклучителни изведби во сериите „Бура од тајни“ и „Животот е убав“.
Неговите извонредни улоги му донесоа голема препознатливост во индустријата и огромен број на обожаватели ширум целиот свет, а неговиот привлечен изглед и шармантна личност со сигурност го прават вистински срцекршач и на екранот и надвор од него. Тој секогаш плени со својот изглед и неодамна на Инстаграм сподели фотографии и видеа како вежба во фитнес центри, со што ни откри дека често посетува теретана и е посветен на грижата за својот физички изглед.







