Магазин
Сензуален вкус на вашето омилено пиво: Пивара Скопје го презентира СКОПСКО Цреша
Љубителите на пивото во Македонија добија уште еден оригинален пивски вкус од сезонски карактер благодарение на Пивара Скопје. СКОПСКО Цреша е најновата екстензија на СКОПСКО, со која Пивара Скопје ја продолжува својата заложба за постојано унапредување и иновации во пивската култура во Македонија.
Новиот член во семејството СКОПСКО, СКОПСКО Цреша е сезонско пиво кое заедно со СКОПСКО светло, СКОПСКО Темно и СКОПСКО Радлер ја сочинуваат најразновидната пивска палета во Македонија.
– „Инвестирајќи во развојот на новото пиво СКОПСКО Цреша, уште еднаш ја потврдуваме нашата долгорочна стратегија за развој на пивската култура, пивската индустрија и економијата во Македонија. СКОПСКО Цреша има нова димензија која покажува дека пивото не е само ‘‘пијалак за освежување‘‘ туку пијалак кој има посебен ритуал на конзумација и нуди можности за уживање во различни пригоди. Имајќи го тоа во предвид, за прв пат на Македонскиот пазар го лансиравме СКОПСКО Цреша единственото домашно пиво во таа категорија со една единствена цел: на нашите потрошувачи на иновативен начин секогаш да им нудиме целосно задоволство и нови вкусови‘‘, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Витсе Мутерс, додавајќи дека секој нов проивод кој излегува од Пивара Скопје е резултат на долгорочен процес во чија успешност се вложени традицијата на правење на најпознатото Македонско пиво СКОПСКО, како и професионалноста, истрајноста и ентузијазамот на вработените во Пивара Скопје.





