Ви препорачуваме
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: Топ 5 бои кои ќе ја одбележат есента
Со оглед на тоа дека есента 2015 година пристигна, дојде и време својата гардероба да ја збогатиме со нови бои. Модните дизајнери предложија пет бои со кои ќе го поправите вашето лошо расположение или ќе ги обоите мрачните есенски денови.
Според вкусот на модните експери овие пет бои ќе ја одбележат есента:
Маслинесто зелена: Покрај исушените лисја и бакарната природа маслинесто зелената е боја која најдобро ќе го донесе духот на есента во вашиот гардеробер. Иако оваа боја е многу популарна и лесна за комбинации, таа не стои на секого. На девојките со зелени очи и црвени тонови на косата ќе им стои совршено па не пропуштајте да купите што повеќе парчиња во оваа боја.




