Ви препорачуваме
Што значи бојата на велигденските јајца?
Велигденската радост е најголемата и најсветлата радост на христијаните. Таа е радост за најголемиот празник, за најголемиот Ден – Велигден – радост за Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
Таа радост е света радост и не е споредлива со никоја друга радост. Таква радост нема и не може да има. Таа радост е вечна како радоста на блаженството – а блаженството е постојана радост на душата.
Генерално, јајцето е симбол на Велигден поради новиот живот и плодноста, а традиционалното вапцање јајца во повеќе бои е старо верување, кое во секој дом носи радост.




