Магазин
СКРИЕН, НО ОПАСЕН: Овој остров привлекува илјадници туристи годишно
Островот Мариета настанал поради вулкански активности пред неколку илјади години во близина на мексиканскиот брег. Од градот Пуерто Ваљарта е оддалечен околу еден час возење со чамец.
Најголемата туристичка атракција е скриена плажа, до која може да се дојде со пливање преку тунел долг 50 метри.
Песокот е многу мек, водата пријатна за капење, а во близина се наоѓаат и неколку корални гребени, каде аматерските нуркачи сакаат да истражуваат.





