Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

SMART картичка за повеќе попусти и промоции во Техномаркет

Занимливости

SMART картичка за повеќе попусти и промоции во Техномаркет

Техномаркет за своите верни потрошувачи промовираше лојална SMART картичка со која ќе се обезбедат дополнителни поволности и предности при купувањето. Kорисниците на SMART картичката ќе добијат право на ексклузивност до голем број промотивни акции, попусти, вредносни вачуери и специјални промоции што ќе бидат наменети само за членовите во програмата за лојалност.

Лојалните потрошувачи со SMART картичката ќе добиваат Back Bonus, што се пресметува врз реализирани купувања во сите продажни места. Тоа значи дека ќе потрошувачите ќе добијат попуст од 1,5 % од вредноста на артиклите (со пресметан попуст од 2% согласно програмата) во сите продажни места на Техномаркет и попуст од 5% од вредноста на артиклите во продавниците на Coin Casa и @HOME (со пресметан попуст од 5 % согласно лојалната програма).

„Нашата SMART картичка е резултат на искреното пријателство со нашите купувачи. Познати сме по организирање и промоција на голем број акции што носат голем број попусти за сите купувачи, а ова е само уште еден сегмент во таа приказна. Лојалната картичка е наменета за дополнително наградување на нашиот голем број лојални и задоволни купувачи и дополнително задоволување на нивните барања и потреби,“ истакна Александар Медарски, раководител на малопродажба во Техномаркет.

Smart картичката носи и директен попуст при купување од 2% од продажната цена за секое готовинско плаќање во Техномаркет и попуст од 5% за артиклите во @HOME и COIN CASA, без разлика дали производите се на промоција или со намалена цена.

Дополнителен попуст од 10% се добива и во сервисот на К&К ДООЕЛ СКОПЈЕ за производите кои се купени согласно оваа Лојална програма.

Сите граѓани што се заинтересрани да имаат своја SMART картичка, можат да аплицираат во било кое продажно место на Техномаркет или тоа да го направат во продавниците на COIN CASA и @HOME. Исто така тоа, својата апликација можат да пополнат и пратат електронски преку веб страната http://www.technomarket.com.mk, а картичката ќе можат бесплатно да ја подигнат од најблискиот салон на Техномаркет или во салонот што тие сами ќе го одберат.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.