Занимливости
Сонцето позитивно влијае на менталното здравје
Истражувачи од американскиот Универзитет „Бригам Јанг“ во Јута, испитувале како Сонцето во текот на денот, од изгрејсонце, до зајдисонце, влијае врз однесувањето на луѓето.
Резултатите покажале дека должината на сончевиот временски интервал во текот на денот генерално влијае на менталното здравје на луѓето, дури и повеќе од другите фактори, како што се температурата, загадувањето или дождот.
Тимот на универзитетските експерти открил дека луѓето помалку се среќни кога деновите се покуси и има помалку Сонце. Од друга страна, луѓето се многу порасположени кога деновите се подолги.




