Магазин
Нема докази дека кокосовото масло е поздраво од другите масти
Иако кокосовото масло е добра замена за козметичките препарати, а некои тврдат дека неговите масти се подобри од другите заситени масни киселини, се чини дека сепак тоа не е толку добро за конзумирање.
Според извештајот на Американското здружение за срце (АНА), кокосовото масло е штетно, како и путерот или говедската маст.
Според заклучоците на американските истражувачи, кокосовото масло содржи заситени масни киселини кои можат да го покачат нивото на лошиот холестерол, што го зголемува ризикот од срцеви болести.




