Ви препорачуваме
Спектакуларен метеорски дожд: Следната недела Персеидите ќе го осветлат небото
Следната недела, во ноќта меѓу среда и четврток, жителите на Земјата ќе бидат сведоци на метеорскиот дожд Персеид, традиционален феномен, кој според астрономите, годнава ќе биде особено спектакуларен.
Во моментот кога овој „небесен огномет“, што ќе биди видлив ширум светот, ќе го достигне својот зенит, на небото ќе можат да се видат и до сто метеори во еден час.
Среќна околност годинава е тоа што Месечината во тој период ќе биде во најтемната фаза, па со својот отсјај нема да пречи во следењето на метероскиот дожд.




