Магазин
Нова инвестиција во Крушево – отворена етно гостилницата „Крушевска одаја“
Највисокиот град на Балканот, Крушево, од секогаш се гордее со историјата што ја носи на свои плеќи. Но деновиве, може да се пофали и со простор во кој што се спојуваат македонската традиција и влашката култура.
„Крушевска одаја“ е етно гостилница на познатото Гумење. На менито традиционални рецепти дополнети со ексклузивни специјалитети како крушевска пита, питулици со лук, крушевската сабја и познатиот крушевски колбас.
Новоотворениот објект располага со 120 места и се наоѓа зад спомен куќата на Тоше Проески. Идеален е за семејни ручеци и вечери но и за поголеми фамилијарни прослави. Атмосферата секој викенд е збогатена и со музичка програма. На репертоарот скоро секогаш се наоѓаат легендарни македонски песни и певливи македонски рефрени.




