Занимливости
ТРАМП: Малата гледаност на Оскарите е поради недостиг на ѕвезди како мене
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се пошегува за ниската гледаност на доделувањето на Оскарите.
– Најниска гладаност на Оскарите во историјата. Проблемот е што повеќе немаме ѕвезди – освен вашиот претседател, напиша Трамп на Твитер.
Церемонијата на доделување на Оскарите ја следеле 26,5 милиони гледачи, што е рекордно мал број. Првпат доделувањето на Оскарите го гледале помалку од 30 милиони луѓе.




