Занимливости
УБАВА ВЕСТ ОД КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон очекуваат трето дете
Кралската Кенгсингтон Палата соопшти денеска дека војводата и војводката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кетрин (Кејт) Мидлтон, очекуваат трето дете.
Во соопштението се вели дека кралицата Елизабета и семејствата на таткото и мајката, се задоволни од идната принова во кралското семејство.
Вилијам и Кејт имаат две деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.




