Магазин
Туристички дестинации во Германија кои ќе ви го одземат здивот (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Странските туристи во Германија и оваа година можеа да гласаат за своите најомилени дестинации. Оваа година на листата на најдобрите за прв пат не се најде катедралата во Келн, но затоа има нови атракции.
1. Долината на реката Мозел
Долината на реката Мозел за прв пат се најде на оваа листа. Во својот тек од Трир до Кобленц, Мозел ги дели планинските масиви: од една страна е Ајфел, а од друга Хунсрик. Карактеристични се и длабоките долини, лозјата на бреговите и многубројните замоци и тврдини.












